Ви треба судски преведувач?

Изработка и заверка на судски превод на документи од македонски на англиски јазик и обратно со само неколку клика.

IELTS – отворање на свет со брзброј можности

Подготовка за полагање на IELTS испитот со цел стекнување на сертификат за познавање на англиски јазик на меѓународно ниво преку индивидуални онлајн часови со искусен професор по англиски јазик и книжевност и дипломиран филолог кој ќе ве упати во сите делови на подготовка за испитот.

ЗА НАС

Quill Translations е професионален дигитален идентитет на А. Петровски, постојан судски преведувач од англиски на македонски јазик и обратно при Основен суд Куманово.

Тој е дипломиран филолог и професор по англиски јазик и книжевност од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

ЗА НАШИОТ БЛОГ

Содржините на овој блог се поврзани со теми од областа на јазиците, културата и уметноста во однос на историскиот тек на филологијата, хуманистичките науки и преведувањето.

Оваа страница е од промотивен карактер и има за цел да овозможи полесен пристап до услугите на судскиот преведувач.

ЗА ПРЕВЕДУВАЧОТ

Петровски има повеќегодишно искуство со преведување, пишување и уредување на содржини на англиски јазик, непосредна комуникација со родени говорители од англофонското говорно подрачје, како и со подучување на англискиот како стран јазик.

Учествувал во организирањето на државниот натпревар по англиски јазик и е автор на публикувани текстови за македонската книжевност и книжевна критика.

УСЛУГИ

СУДСКИ ПРЕВОД

Судски пресуди, нотарски акти, изјави за полномоштво, текстови на печати, спогодбени договори, дипломи, уверенија, сертификати и друга документација.

СТРУЧЕН ПРЕВОД

Дипломски и магистерски трудови од повеќе области, научни публикации, новинарски текстови, медицински извештаи и текстови од сличен карактер.

ТОЛКУВАЊЕ

Ангажман на постојан судски преведувач за симултано и консекутивно толкување за конференциски настани, судски потреби и други пригоди.

podgotovka-za-ielts

ИНДИВИДУАЛНИ ЧАСОВИ

Подготовка за полагање на акредитирани испити со цел стекнување на сертификат за познавње на англиски јазик преку индивидуални онлајн часови.

multimedia-prevod

АУДИОВИЗУЕЛНИ ПРЕВОДИ

Аудиовизуелни преводи, титлување, транскрипција и форматирање на преводи за мултимедиумски содржини од англиски на македонски јазик.

jazicna-redakcija

ЈАЗИЧНА РЕДАКЦИЈА

Јазична редакција, форматирање на текст, лекторирање, терминолошка проверка и останати услуги поврзани со јазично уредување на разни видови текстови.