Привремено престојувалиште – Руми

Овој човечки живот е привремено престојувалиште.
Секое утро носи нов гостин.

Радост, длабока тага, подлост,
некое ненадејно согледување пристигнува
како неочекуван посетител.

Прими и угости ги сите!
Дури и да се толпа никаквеци,
кои насилно ти ја ничкосуваат куќата
со сите ствари во неа,
сепак, укажи чест на секој гостин.
Можеби само ти создава простор
за некое ново уживање.

Темната мисла, срамот, ништожноста,
пресретни ги уште на врата смеејќи се
и покани ги внатре.

Биди благодарен за сѐ што ќе дојде,
бидејќи сето тоа е пратено
како водич од горе.

Препев од англиски јазик:
А. Петровски

The Guest House
– Jalal al-Din M. Rumi (1207 – 1273)



De Facto:
Блог за преводот

Содржините на овој блог се поврзани со теми од областа на јазиците, културата и уметноста во однос на историскиот тек на филологијата, хуманистичките науки и преведувањето.

СЛЕДЕТЕ нѐ на Instagram и Facebook!