Како да нарачам?
Процесот за нарачка и изработка на превод за вашите документи е навистина брз и едноставен.
ЧЕКОР 1:
Ни ги испраќате вашите документи во електронска форма по мејл, вибер, или друга комуникациска алатка.


ЧЕКОР 2:
Откако ќе ја добиеме, ви потврдуваме дека сме ја добиле нарачката и ве известуваме за деталите.
ЧЕКОР 3:
По изготвување на преводот и заверката, ве контактираме за да се договориме за доставата, односно подигнување на документите.

Често поставувани прашања:
Ги немам скенирано документите. Дали може да ви пратам слики наместо електронски фајлови?
Секако. Сликите можете да ни ги испратите по мејл или на вибер, се додека документите се целосно видливи и нивната содржина е јасна.
Колку чини превод на еден документ?
Цената на еден документ може да зависи од повеќе фактори како видот на документот, бројот на страници, што се преведува, застапеност на јазиците и други параметри. Затоа, цената на преведувачките услуги се утврдува за секоја нарачка засебно.
Кои податоци ви се потребни за заверка на преводот?
За преведениот документ да биде уредно заверен, потребни се името и презимето, адресата на живеење и податоци за контакт на нарачателот на судски превод.
Дали доставата за преведените документи е бесплатна?
Доколку сте во централниот дел на Скопје или Куманово доставата е вклучен дел од услугата. За други градови преведените документи може да ви ги испратиме по пошта или карго, или пак самите да ги подигнете.
Како да прикачам датотека во формуларот за контакт?
Ако сакате да испратите датотека, ве молиме пишете ни на нашата адреса за ел. пошта: info@quilltranslations.com или посетете ја страницата за контакт.

Имате прашање?
Испратете ни порака
и добијте одговор веднаш.
Нарачајте превод денес
со само неколку клика!
Tempora mutantur, nos et mutamur in illis.
„Времињата се менуваат, а ние се менуваме со нив.“
– стара латинска поговорка –
Со дигиталните алатки што денес ги имаме на располагање може многу лесно и едноставно да се нарача било која услуга онлајн.
Услугите од судските преведувачи не се исклучени од ова, особено ако се работи за професионалец кој што е лесно достапен во секое време.
Со таа идеја одлучивме да се приближиме кон јавноста и нарачателите преку дигитални алатки со кои ќе бидеме достапни кога и да треба.
Со само неколку клика сега можете да нарачате превод на документи.
Процесот за да нарачате превод за вашите документи е навистина брз и едноставен, а со тоа заштедуваме на вашето време и енергија што можете да ги искористите на позначајни и пријатни нешта.
Сѐ што треба да направите е да ни пишете за каков документ станува збор, колкав е обемот на нарачката и ваши информации за контакт, или пак да ни ги испратите документите за кои ви е потребен превод.
По испраќање на нарачката, очекувајте дека ќе бидете контактирани во најскор можен рок за да ги утврдиме деталите.
Ве очекуваме!
Ваши,
Quill Translations

