Што е IELTS?

IELTS (International English Language Testing System) е меѓународно признаен сертификат за познавaње на англиски јазик кој се доделува на сите што ќе го положат испитот предвиден за овој тип на тестирање. Структурата на испитот е стандардизирана на меѓународно ниво и истиот може да се полага само во акредитирани и меѓународно признаени установи за оваа намена. Испитот е поделен во четири дела.

Читање

Пишување

Зборување

Секој од четирите дела на испитот се фокусира на одредена јазична вештина. Деловите понатаму се поделени на неколку вежби коишто кандидатите треба да ги решат во предвиден временски рок со цел успешно да го положат испитот.

Поради комплексноста на испитот, подготовката за истиот најчесто се одвива низ подолг временски период пред самиот испит. Големо олеснување за кандидатите е доколку имаат помош од тутор или професор по англиски јазик кој може да им помогне во успешна подготовка за испитот.

За среќа, ние сме тука за вас доколку ви е потребен искусен тутор кој ќе ви помогне со детална подготовката за полагање на IELTS испитот.

Сите материјали што ќе ви бидат потребни за подготовка за испитот се вклучени во нашите индивидуални онлајн часови што ги одржува дипломиран филолог и професор по англиски јазик и книжевност. Целта на часовите е специјализирана подготовка за полагање на акредитираниот испит, а вие можете да изберете која од нашите понуди одговара најдобро на вашите потреби.

ПОНУДИ ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ЧАСОВИ

ОСНОВНА ПОДГОТОВКА

2,000мкд. 1,600мкд.

СТАНДАРДНА ПОДГОТОВКА

4,000мкд. 2,800мкд.

НАПРЕДНА ПОДГОТОВКА

6,000мкд. 4,200мкд.

Искористи го попустот до 30% на понудите до пополнување на местата.