Неколку факти за првото словенско писмо – глаголицата

Првото-словенско-писмо-глаголица

Облата глаголица што се користела пред кирилицата се развивала во четири фази:

  • Солунска
  • Панонско-моравска
  • Чешка
  • Охридска

По враќањето во Охрид, св. Климент и другите ученици на светите браќа ја основале Охридската духовна и книжевна школа. Тука се приклучил и св. Наум и заедно ја продолжиле традицијата на своите учители.

Така било создадено кирилското писмо кое што постепено ја заменило старата азбука. Најпрвин се користеле двете писма, а подоцна кирилицата преминала во сѐ почеста употреба.

Глаголицата останала во употреба се до XII век, а според некои извори се користела и во првата половина од XIII-иот век. Истата настанала како резултат на напорите на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. Идејата била да се создаде писмо со кое ќе можат да комуницираат во пишана форма сите словенските народи.

Покрај облата глаголица, постела и аглеста глаголица. Овој тип на глаголицата не се користел кај нас, но бил карактеристичен за соседното поднебје, како на пример во Хрватска.

Аглестата глаголица бил единствен тип на писмо кое било официјално признаено за употреба во црковната богослужба на старословенски јазик и истата останала да се користи подолго од облата глаголица која се користела неофицијално.



De Facto:
Блог за преводот

Содржините на овој блог се поврзани со теми од областа на јазиците, културата и уметноста во однос на историскиот тек на филологијата, хуманистичките науки и преведувањето.

СЛЕДЕТЕ нѐ на Instagram и Facebook!