Недјем – првата мачка со сопствено име

Недјем - првата мачка со сопствено име

Недјем (“Nedjem”) било името на првата мачка со сопствено име според историските записи.

Живеела за времето на фараонот Тутмос III кој е значаен по воздигнувањето на култот на мачките во древната египетска цивилизација.

Недјем најверојатно била негово милениче, иако мачките во тоа време се сметале за свето животно.

Нејзиното име во превод од древен египетски јазик значи нешто мило или слатко (анг. “sweetie”).

Тутмос III бил фараон од 18-та династија кој владеел со Египет околу 1,500-та година п.н.е. или пред 3,500 години од денес.



De Facto:
Блог за преводот

Содржините на овој блог се поврзани со теми од областа на јазиците, културата и уметноста во однос на историскиот тек на филологијата, хуманистичките науки и преведувањето.

СЛЕДЕТЕ нѐ на Instagram и Facebook!